ПРВ.мк
Македонија

СИЉАНОВСКА ПОВИКУВА НА РЕАЛИЗАМ: Решение за Украина значи можност и за Македонија - дали е ова нова шанса?

СИЉАНОВСКА ПОВИКУВА НА РЕАЛИЗАМ: Решение за Украина значи можност и за Македонија - дали е ова нова шанса?
Kristal

Во своето годишно обраќање пред пратениците, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова истакна дека евроинтеграциите бараат национален консензус, нагласувајќи дека проблемот не е само административен, туку лежи и во уставните амандмани, кои според неа претставуваат политички критериум. Таа посочи дека се потребни јасни гаранции од Европската унија и од Бугарија за продолжување на преговорите.

Трагедијата во Кочани и системските недостатоци Сиљановска – Давкова се осврна на пожарот во Кочани, во кој загинаа 63 лица, истакнувајќи дека трагедијата открила сериозни проблеми во системот: стихијност во одлучувањето, недостиг на системска култура и неказнивост. Претседателката рече дека оваа трагедија го довела општеството „до ѕидот на срамот“ и нагласи потребата од длабоко преиспитување на системот.

Таа побара од политичките партии и политичарите да ги прекинат дневните препукувања на сметка на судскиот процес за Кочани, истакнувајќи дека преку судењето ќе се види дали правосудството ќе ја задржи довербата на граѓаните. Претседателката подвлече дека преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството.

Нови законски иницијативи и номинации Сиљановска – Давкова изрази надеж дека Собранието наскоро ќе го донесе новиот закон за Судски совет, по што таа ќе номинира двајца претставници.

Други теми во говорот

  • Надворешна политика и правична застапеност
  • Фемициди и родова еднаквост
  • Животна средина и општествени потреби

Претседателката истакна дека како граѓанка имала комуникација со различни категории на граѓани, вклучувајќи успешни личности, лица со попреченост и пошироката јавност, за да ги чуе нивните потреби и предизвици.

На годишното обраќање присуствуваа: премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, претставници на судската власт, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, претставници на верските заедници, дипломатскиот кор и други.

FixCredit
Escape