ПРВ.мк
Магазин

Совети од Фоја: растенија идеални за комбинирање и кои создаваат блескава глетка во секоја градина

Совети од Фоја: растенија идеални за комбинирање и кои создаваат блескава глетка во секоја градина

Уредувањето на дворот, терасата или зеленото катче околу домот не е само прашање на избор на убави растенија, туку и на нивно правилно комбинирање. Кога боите, формите, висините и текстурите се внимателно усогласени, просторот добива хармонија, длабочина и впечаток на природна, но професионално осмислена композиција.

Од Градинарскиот центар Фоја велат дека најчестата грешка при изборот на растенија е купувањето „поединечно убави“ садници без да се размисли како тие ќе изгледаат заедно по неколку месеци или сезони. Затоа, нивниот совет е секогаш да се планираат како да се компатабилни во синергија, првенствено од нивните биолошки потреби па потоа декоративно во композиција: кои растенија ќе ја сочинуваат основата – структурата, кои  колоритот, волуменот итн, и согласно изгледот на градината, што сакаме да го постигнеме.

1. Хортензии, декоративни треви и трајни цветници – перени за природна, цветна, релаксирачка, романтична комбинација

Хортензиите се идеален избор за оние што сакаат впечатлив цветен акцент, особено во градини каде што се бара мек, романтичен изглед. Во комбинација со украсните треви, кои внесува движење и леснотија, со трајните цветници – перените кои го пренесуваат ефектот на ливада со полско цвеќе. Во текот на пролетта, летото и есента се добива природна композиција што изгледа богато , лелеаво, опуштено и моќно во исто време.

2. Берберис, лаванда и ниски перени за боја, мирис и динамика

За сончеви позиции, една од многуте комбинации, Фоја препорачува копозиција во која доминира контрастот. Берберисот со своите црвеникави и ситни листиња, комактна крошна создава силна визуелна основа, додека контрасно: сината маслинеста лаванда диво разгранета со сини цветови и опоен мирис , збогатена во предниот дел со ниски перени кои лазат по земјата или прелеваат од жардиниерата. Оваа комбинација со медитерански шарм и привлечност го исполнува просторот . Одлично решение за бордури, рабови покрај патеки или изолирано како острово во дворот.

3. Повеќе стеблено дрво-грмушка, чадореста садница или некое кроено-топиарено растение како `фокусна точка во дворот`.

Кога просторот бара јасна форма и уреден изглед, садници со компактни, кроени форми кои оддаваат силен визуелен впечаток се користат како фокусни точки во дворот. Обично се позиционираат на одбрани локации како дел од растителна композија или во партер или покрај објект за да се истакне архитектурата на извесниот простор. Тие на еден начин се природни скулптури во просторот и нивното позиционирање треба да биде точно одбрано за да се постигне моќен визуелен ефект. Несоодветно поставени, пренатрупани или пренагласени остануваат незабележани или делуваат кичесто со еден збор изгубена им е вредноста. Вакви растенија поединечно или во пар се  погодни за влезни делови, дворови пред куќа ,жардиниери итн.

Фоја советува: најубавата градина е онаа што се планира однапред

При изборот на растенија важно е да се земат предвид условите на локацијата: сонце или сенка, простор за раст, начин на наводнување и времето што сопственикот може да го посвети на одржување. Со правилна комбинација, дури и мал простор може да изгледа како внимателно дизајнирана зелена оаза.

Во Градинарскиот центар Фоја, посетителите можат да добијат стручни совети за избор и комбинирање на растенија, како и предлози за уредување на дворови, тераси, балкони и деловни простори. Целта е секој зелен агол да биде складен, убав, функционален и лесен за одржување – создаден со љубов кон природата и со чувство за естетика.