ПРВ.мк
Магазин

ПРИСТИГНУВА ОГНЕНА МAРИЈА: Една работа им е строго забранета на жените, а еве зошто ноќта пред празникот се гледа во небото!

ПРИСТИГНУВА ОГНЕНА МAРИЈА: Една работа им е строго забранета на жените, а еве зошто ноќта пред празникот се гледа во небото!

Македонската православна црква и верниците на 30 јули го одбележуваат празникот посветен на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија. Иако во црковниот календар овој ден не е одбележан со црвен словар, Огнена Марија во нашиот народ исклучително се почитува и се смета за еден од најстрогите летни празници.

Според народното предание, таа спаѓа во редот на „огнените светци“ (заедно со Свети Илија и Свети Пантелејмон). Во македонската народна традиција се верува дека таа е сестра на Свети Илија Громовникот и дека заедно со него ги казнува со оган, суша и громови сите оние кои не го почитуваат нејзиниот ден. Со оглед на тоа што Огнена Марија се смета за заштитничка на жените и мајките, за овој празник се врзуваат низа строги правила кои стапуваат на сила уште во пресрет на самиот празник, односно со заодот на сонцето на 29 јули.

Со првиот мрак се тргаат иглите, ножиците и сите остри предмети

Во македонскиот народен календар, верските забрани и празнувањето започнуваат од оној moment кога сонцето ќе зајде ден претходно. Поради тоа, жените во пресрет на Огнена Марија ги прекинуваат сите домашни и полски работи штом ќе падне мрак.

Народните записи потврдуваат дека од рацете задолжително се тргаат иглите, ножиците, вретената и сите започнати рачни изработки или плетења. Нашите стари верувале дека работата со остри предмети во ноќта пред празникот подеднакво ги привлекува огнот и гневот на светителката како и работата на самиот ден. Се сметало дека секое шиење или плетeње во мрак е симболично повикување на молњи, громови и непогоди во домот.

Поглед во небото и народна прогноза за годината

Единствениот обичај што се изведувал во самата ноќ пред празникот е внимателното набљудување на небото. Бидејќи Света Марина во нашата народна митологија е персонификација на молњата и секањето, нашите предци во ноќните часови ги следеле временските прилики.

Ако во ноќта пред 30 јули небото останело мирно, чисто и ѕвездено, се верувало дека претстои мирен период, а годината ќе биде бериќетна и добра. Меѓутоа, ако се појавеле секавици и грмотевици без дожд, тоа се толкувало како лош знак – народот верувал дека светителката се лути и дека тоа најавува сушна година, пропаст на летината и удари од громови во тој крај.

Затоа домаќините брзале да ја приберат целата собрана летина од нивите, додека жените вечерта ја минувале во мир, соодветна молитва за здравје на децата и заштита на домот од пожари и непогоди.

Најнови вести