Иако фрижидерот е еден од најважните апарати во домаќинството, многу луѓе неправилно ја поставуваат температурата, што може да доведе до побрзо расипување на храната или создавање мраз во внатрешноста.
Една од најчестите заблуди е дека бројките на тркалцето за регулирање ја означуваат температурата во степени Целзиусови. Кај повеќето модели тоа не е така – тие ја означуваат јачината на ладењето.
Тоа значи дека колку е поголем бројот, толку поинтензивно лади фрижидерот. На пример, поставката „5“ најчесто значи најсилно ладење, а не температура од 5 степени.
Неправилното поставување може да предизвика храната да не се чува на соодветна температура или, пак, да се создава мраз на задниот ѕид од фрижидерот.
Доколку не сте сигурни како функционира вашиот модел, експертите советуваат да го следите работењето на компресорот. Ако при вртење на тркалцето кон поголем број компресорот почне да работи, тоа значи дека сте избрале пониска температура, односно посилно ладење.
За правилно чување на храната, најдобро е да ја проверите и упатството на производителот, бидејќи кај некои понови модели бројките навистина можат да ја означуваат температурата во степени Целзиусови.
Со правилно подесување на температурата ќе ја зачувате свежината на храната, ќе спречите непотребно создавање мраз и ќе ја подобрите ефикасноста на фрижидерот.








