По смртта на легендарната кантри-ѕвезда Доли Партон, едно од прашањата што го привлекува вниманието е што ќе се случи со нејзиното огромно богатство, проценето на околу 450 милиони долари.
Партон во текот на повеќедецениската кариера изгради вистинска музичка и деловна империја. Значаен дел од богатството го стекна преку авторските права од своите песни, но заработуваше и од бројни други бизниси.
Според проценка на „Форбс“ од 2025 година, нејзиниот музички каталог, во кој се наоѓаат светски хитови како „Jolene“, „9 to 5“ и „I Will Always Love You“, вреди околу 120 милиони долари.
Уште на 20-годишна возраст Партон основала сопствена издавачка куќа, со што задржала значајна контрола врз својата музика. Авторските права, според проценките, ѝ носеле меѓу шест и осум милиони долари годишно.
Покрај музиката, таа развила бизниси со различни производи, а поседувала и 50 проценти од тематскиот парк „Доливуд“ во Тенеси, една од најпознатите туристички атракции во американската сојузна држава.
Доли и нејзиниот сопруг Карл Дин немале деца. Дин починал една година пред неа, а својот имот и личните предмети ѝ ги оставил на сопругата, со инструкции дел од предметите да им бидат подарени на членови од поширокото семејство.
Партон зад себе оставила 19 блиски роднини, но засега нема официјални информации како точно е распределено нејзиното наследство.
Во текот на животот таа била позната и по огромната хуманитарна работа. Според текстот, за различни добротворни цели донирала повеќе од 600 милиони долари, помагајќи во образованието, здравството и други области.
Поради тоа, странските медиуми шпекулираат дека значаен дел од нејзиното богатство би можел да биде наменет за хуманитарни цели, додека дел би добиле нејзините роднини.
Самата Партон претходно зборувала дека е исклучително важно човек навреме да го среди својот тестамент за по неговата смрт да не настанат семејни спорови околу наследството.
Сепак, деталите од нејзиниот тестамент и конечната распределба на богатството од околу 450 милиони долари засега не се јавно објавени.









