ПРВ.мк
Магазин

Зошто на старите фотографии никогаш не се смеат? Причината е многу повеќе од тага

Зошто на старите фотографии никогаш не се смеат? Причината е многу повеќе од тага
Escape

Ако сте забележале дека луѓето на старите фотографии секогаш изгледаат сериозно – не сте единствени. Но не, тие не биле постојано тажни или депресивни, туку фотографирањето тогаш било редок, скап и сериозен момент.

Во времето кога фотографијата штотуку се развивала, луѓето се фотографирале еднаш или двапати во животот. Поради тоа, тие пристапувале кон фотографијата како кон свечен ритуал, слично на позирање за портрет од сликар.

Освен тоа, позирањето траело долго, а технологијата не дозволувала да се фатат природни движења или насмевки – морало да се стои неподвижно со минути, а насмевката брзо исчезнува. Исто така, тогаш не постоеле фото-едитори – еднаш сликано, засекогаш забележано.

Со оглед на тоа колку било значајно да се направи фотографија, луѓето сакале да изгледаат достоинствено и сериозно, а не со „исцедена“ насмевка. Иако денес правиме стотици селфија неделно, тогаш секоја фотографија била спомен за цел живот.

Значи, не се работи за тага – туку за почит, ритуал и реткост. Нивната сериозност всушност зборува колку фотографијата била вредна и значајна.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo