ПРВ.мк
Македонија

Снимка што ја вознемири Македонија: Татко го врзал сопственото дете – државата реагира

Снимка што ја вознемири Македонија: Татко го врзал сопственото дете – државата реагира
Escape

Македонската јавност е во шок по објавување на сцени кои тешко се гледаат – видео на кое мало дете е врзано со јажиња околу вратот, рацете и нозете кружи низ социјалните мрежи. Според објавите, сето тоа било сторено од сопствениот татко, наводно затоа што детето земало пари.

Откако снимката експлозивно се прошири, Министерството за внатрешни работи веднаш реагираше. Од таму информираат дека СВР Струмица го лоцирала и идентификувала сторителот, и дека во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава за насилство врз дете – дело казниво според член 201а од Кривичниот законик.

Детето е безбедно и веќе е згрижено од страна на мајката, со интервенција на Центарот за социјални работи од Струмица, кој веднаш постапил по пријава.

Случајот предизвика лавина од реакции на интернет – граѓаните бараат остри санкции, пожестока заштита за децата и институции кои нема да дозволат вакви случаи да се повторат.

Mia Home Mavrovo