Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно крена прашина во јавноста со своите контроверзни изјави, овојпат на сметка на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во интервју за YouTube каналот „Домољуб“, Орбан изјави дека Зеленски не е вистински државник, туку само „комичар кој го игра претседателот“.
Говорејќи за своите дипломатски посети во изминатата година – вклучувајќи ги Украина, Русија, Кина и САД – Орбан објасни дека неговата цел била да започне мировна иницијатива во врска со војната во Украина. Но, според него, Киев ја одбил понудата, притоа покажувајќи недостаток на интерес за сериозен дијалог.
Орбан направи споредба помеѓу Зеленски и новата генерација политичари, опишувајќи го како „влијател, актер или комичар“ кој го води својот мандат повеќе преку перформанси отколку со вистински политички капацитет. „Неговото претходно искуство во забавната индустрија не му помага во она што го прави сега, особено не во екот на војната,“ потенцираше Орбан.
Премиерот исто така откри дека не успеале да разговараат за подлабоките и клучни теми за иднината на регионот, што дополнително ја продлабочило дистанцата меѓу Унгарија и Украина во нивните ставови за конфликтот.