ПРВ.мк
Македонија

Ангелов фрла сенка врз поранешната власт: За еден месец со оваа влада направив повеќе отколку за цела година со претходната

Ангелов фрла сенка врз поранешната власт: За еден месец со оваа влада направив повеќе отколку за цела година со претходната
Escape

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во интервју за ТВ Телма остро ја оцени разликата во соработката со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека во еден месец постигнал повеќе отколку што би можел за цела година со претходната власт.

„Во рок од помалку од еден месец извршивме две законски измени – на законот за управување со кризи и законот за заштита и спасување. Искрено мислам дека со претходната влада ова немаше да го направиме ниту за една година“, изјави Ангелов, укажувајќи на новото темпо и ефикасност на институциите под новото раководство.

Тој потенцираше дека впечатлива разлика е присуството на министрите и премиерот на терен, нешто што не било вообичаено во минатото. Оваа мобилизација доаѓа во клучен момент, додека земјата се соочува со сериозни пожари на неколку фронта.

Дополнително, неделава биле промовирани и нови армиски и полициски возила, наменети специјално за гаснење пожари – потег што Ангелов го оцени како чекор напред во зајакнувањето на капацитетите за одговор при кризни ситуации.

„Оваа влада покажа ангажман што досега го немаме видено. Се чувствува дека институциите се движат побрзо, посуштински и поефикасно“, порача Ангелов, оставајќи впечаток дека неговата доверба во новата власт е значително поголема.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape