ПРВ.мк
Свет

Ирански свештеници собираат милиони за убиство на Трамп

Ирански свештеници собираат милиони за убиство на Трамп
Escape

Двајца високи ирански свештеници предизвикаа жестока реакција во светот откако издадоа фатва – верски декрет со кој се повикува на атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп и актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Според информациите на „Иран интернешнл“, оваа фатва наводно ја поддржуваат десетина други духовни водачи, а во нејзина поддршка започнала и онлајн кампања за собирање пари.

Во понеделникот, десет државни свештеници објавиле отворено писмо во кое Трамп и Нетанјаху ги нарекуваат „невернички борци“, термин кој во исламското право се користи за непријатели на исламот што заслужуваат смртна казна.

Ситуацијата дополнително се заостри кога Мансур Емами, директор на официјалната иранска организација за исламска пропаганда во покраината Западен Азербејџан, јавно понуди 100 милијарди томани (околу 970.000 евра) на секој што ќе го убие Трамп. „Ќе ја дадеме оваа сума на секој што ќе ја донесе главата на Трамп,“ изјави тој на азербејџански јазик.

Во меѓувреме, иранската веб-страница thaar.ir започнала кампања за собирање средства за реализација на атентатот. Иако тврдат дека досега собрале повеќе од 40 милиони долари, автентичноста на оваа бројка не е потврдена.

Во обид да се дистанцира од овие екстремни ставови, новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека иракнската влада нема никаква поврзаност со овие фетви. Тој нагласи дека не постојат официјални декрети насочени кон Трамп, ниту пак тие произлегуваат од Врховниот лидер на Иран.

Сепак, тврдокорниот свештеник Алиреза Панахијан, близок до Врховниот лидер, повика на убиство на Трамп и Нетанјаху, наведувајќи ги како „мохареби“ – непријатели на Бога, бидејќи, според него, се заканувале по животот на ајатолахот Хомеини за време на неодамнешен 12-дневен вооружен конфликт.

Дополнително, ајатоласите Насер Макарем Ширази и Хосеин Нури Хамедани издале одделни фетви против американскиот и израелскиот лидер. Според Ширази, секој што се заканува на лидерите на исламската заедница „се смета за непријател на верата и треба да биде елиминиран“.

Ахмад Аламолхода, влијателен претставник на Врховниот лидер во покраината Разави Хорасан, исто така изрази поддршка за овие фетви, нагласувајќи дека таквите верски осуди ќе помогнат во зацврстување на темелите на Исламската Република.

Целиот случај потсетува на познатата фетва од 1989 година, кога ајатолахот Хомеини повика на убиство на британскиот писател Салман Ружди поради неговиот роман „Сатански стихови“, кој се сметаше за богохулен. Иако живееше под силно обезбедување со децении, Ружди беше нападнат во Њујорк во 2022 година, при што загуби едно око, а нападот се поврзува токму со таа историска фетва.

Mia Home Mavrovo