ПРВ.мк
Магазин

Помал од лубеница, но со големо срце: Најнискиот маж на светот води тешка, но инспиративна битка секој ден (ВИДЕО)

Помал од лубеница, но со големо срце: Најнискиот маж на светот води тешка, но инспиративна битка секој ден (ВИДЕО)
Escape

Според официјалните податоци од Гинисовата книга на рекорди, титулата за најниски маж на планетата сега ја носи Афшин Есмаил Гадерзадех, дваесетгодишник од рурална област во Иран. Тој е висок само 65,24 сантиметри, што го прави дури 7 сантиметри понизок од претходниот рекордер – Колумбиецот Едвард „Нинџа“ Хернандез.

Афшин е роден во мало, изолирано село, а неговиот живот никогаш не бил лесен. Поради екстремно нискиот раст и сериозни здравствени проблеми, не можел да посетува училиште, а тоа резултирало со потешкотии во писменоста. И покрај тоа, со гордост открива дека научил да го напише своето име, што за него претставува огромен личен успех.

Семејството на Афшин живее скромно и се соочува со финансиски тешкотии, особено кога станува збор за покривање на трошоците за лекови и медицински третмани. Неговиот татко објаснува дека поради лековите и слабата физичка состојба, синот морал да го прекине школувањето. Дополнително, поради неговата големина, Афшин не може да најде соодветна работа, ниту пак да помогне во градежништвото – професијата на неговиот татко.

Секојдневието му е едноставно – гледа цртани филмови, користи интернет и поминува време со семејството. Иако умешно го користи мобилниот телефон, сепак има тешкотии дури и да го носи, поради неговата тежина во однос на неговото тело.

И покрај сите предизвици, Афшин е многу сакан и почитуван во неговата заедница, благодарение на неговата љубезност, насмевка и ведар дух. Тој отворено зборува дека сонува еден ден да живее како сите останати – да се движи сам, да има нормален живот, па дури и да вози автомобил.

Поради здравствените ограничувања и безбедносни ризици, Афшин никогаш не се движи сам – секогаш е во придружба на своите родители, а често и буквално го носат во раце низ селото.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo