ПРВ.мк
Магазин

Внука, ама не баба! Лидија Вукиќевиќ откри какво име ќе ѝ вика малата Дарја – и што мисли за снаата!

Внука, ама не баба! Лидија Вукиќевиќ откри какво име ќе ѝ вика малата Дарја – и што мисли за снаата!
Escape

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ доби внука – нејзиниот син Андреј Мркела и неговата избраничка станаа родители на девојче кое го нарекоа Дарја. Среќната вест ја споделија на Инстаграм, а гордата баба веднаш даде изјава... само што не сака да биде нарекувана „баба“!

– „Нема баба, ќе ме вика Лидија! Сакав да биде Рак во хороскоп, како мене. Без титули, само модерно“ – изјави актерката со насмевка, додавајќи дека децата веќе ја гледаат како „современа баба“, далеку од класичните шаблони.

Лидија откри и детали за својата снаа – иако не кажа многу, не криеше задоволство:

– „Снаата е прекрасна! И двата мои сина направија одличен избор. Наскоро ќе има и свадба – бидејќи е во блажена состојба, но не знам точно кога.“

А бебето го доби името Дарја, што има посебно значење. Според различни извори, тоа е „дар од небото“, или пак потекнува од зборот „да се дава“ и „да се поседува“. Името е популарно меѓу словенските народи, а се верува дека носи убавина, мудрост и посебна енергија.

Со ваков семеен старт, Лидија не само што доби внука, туку и нова животна улога – без да се откаже од стилот што отсекогаш ја красел.

Mia Home Mavrovo