ПРВ.мк
Македонија

Пеколни пожари се приближуваат до куќи – аларм во Крива Паланка и Дојран!

Пеколни пожари се приближуваат до куќи – аларм во Крива Паланка и Дојран!
Escape

Драматични сцени ширум Македонија – петнаесет пожари во исто време ја гушат државата во отровен чад, а најопасните фронтови се движат кон Крива Паланка и Дојран, заканувајќи се директно на населени места!

Градоначалникот на Крива Паланка алармира: "Градот е во пламен, бараме итна помош!" Пожарот кај селото Лозаново се шири со неверојатна брзина, а општината апелира секој што може – да помогне. Домови и животи се во опасност.

И кај Дојран ситуацијата е критична. Пожарот кај селото Николиќ зафати стрмни и тешко пристапни терени. Хеликоптерот на ДЗС врши налети на секои 3-4 минути, се полни вода од мала брана и се фрла директно врз пламените јазици, изјави Стојанче Ангелов.

Премиерот Мицкоски свикува итен кризен штаб, а се очекува во гаснењето да се вклучат и Бугарија и Грција. Македонија не памети ваков синхронизиран огнен удар.

Mia Home Mavrovo