ПРВ.мк
Спорт

Анчелоти доби казна за затајување данок во Шпанија - му се заканува казна затвор од 1 година?!

Анчелоти доби казна за затајување данок во Шпанија - му се заканува казна затвор од 1 година?!
Escape

Италијанскиот фудбалски стратег и актуелен селектор на Бразил, Карло Анчелоти, е осуден од шпански суд на една година затвор поради даночна измама извршена во 2014 година, додека беше тренер на Реал Мадрид. Покрај тоа, му е изречена и парична казна од 386.000 евра.

Сепак, според шпанското законодавство, казни под две години не се извршуваат со затвор, ако лицето не е претходно казнувано – што значи дека Анчелоти ќе остане на слобода.

Оваа одлука доаѓа во период кога Анчелоти се подготвува за предизвикот со фудбалската репрезентација на Бразил. Ниту Фудбалската федерација на Бразил, ниту самиот тренер не ја коментираа одлуката на судот.

Анчелоти не е првиот во светот на фудбалот кој се соочил со вакви обвиненија – Меси, Роналдо и Мурињо исто така имаа слични проблеми, но никој од нив не заврши зад решетки.

Инаку, Анчелоти е најтрофејниот тренер во Лигата на шампионите, со пет титули, и единствен со шампионски титули во сите пет најсилни европски лиги – Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.

Mia Home Mavrovo