ПРВ.мк
Црна Хроника

Идентификуван мажот што го врза сопственото дете – го чека кривична пријава!

Идентификуван мажот што го врза сопственото дете – го чека кривична пријава!
Escape

Нови детали за шокантното видео што го потресе интернетот – човекот кој врза дете со јажиња околу вратот, рацете и нозете е пронајден од полицијата, а Министерството за внатрешни работи веќе подготвува кривична пријава за насилство врз дете.

Според информации од теренот, се работи за таткото на детето, кој, наводно, го казнил на ваков брутален начин бидејќи земал пари. Снимката предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат жестока казна за сторителот.

Од МВР информираат дека СВР Струмица веднаш реагирала, а по консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесена пријава според член 201а од Кривичниот законик, кој се однесува на насилство врз дете.

Центарот за социјални работи од Струмица е целосно вклучен во случајот – по нивни насоки, детето е згрижено и безбедно е префрлено кај мајката.

Случајот отвори нова дискусија за состојбата со правата на децата и семејното насилство во земјава, со барања за строги санкции и постојана контрола од институциите.

Mia Home Mavrovo