ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР НА АЕРОДРОМ ВО ИТАЛИЈА: Маж заврши во мотор на авион пред да полета – сведоците во шок!

ХОРОР НА АЕРОДРОМ ВО ИТАЛИЈА: Маж заврши во мотор на авион пред да полета – сведоците во шок!
Escape

Трагедија ја потресе Италија кога на аеродромот „Ил Караваџо“ кај Бергамо, маж загина настрашно – откако беше вовлечен во мотор на авион во движење. Инцидентот се случил додека авионот се подготвувал за полетување, а несреќниот човек од засега непознати причини се нашол на пистата и директно влетал пред моторот.

Според италијанскиот „Кориере дела Сера“, шокантниот момент се одиграл околу 10:20 часот, по што сите летови биле итно суспендирани на неколку часа. Властите потврдија дека загинатиот не бил ниту патник ниту вработен, што отвора многу прашања – како и зошто се нашол на пистата?

Случајот предизвика целосен прекин на работата на аеродромот, а истрагата е во тек. Засега, нема официјална верзија дали станува збор за несреќа, обид за самоубиство или безбедносен пропуст. Патниците и очевидците останале потресени од глетката, а италијанската јавност бара итни одговори.

Mia Home Mavrovo