Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Крсте Мисирков“ во центарот на Скопје, пред зградата на Апелациониот суд, каде што вoзач на автомобил прегази велосипедист.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило марка „Фиат“ со скопски регистарски таблички и велосипед. И двајцата – возачот и велосипедистот – се здобиле со повреди и биле веднаш пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Нивната здравствена состојба засега не е детално соопштена, а полицијата информира дека увидот е во тек и се работи на утврдување на причините за несреќата.
Инцидентот предизвика застој во сообраќајот на еден од најпрометните булевари во градот и повторно го отвори прашањето за безбедноста на велосипедистите во Скопје.
Ask ChatGPT