ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопјанка измамена за над 4.200 евра во лажна сообраќајна несреќа – измамник се претставил како полицаец

Скопјанка измамена за над 4.200 евра во лажна сообраќајна несреќа – измамник се претставил како полицаец
Escape

Нов случај на телефонска измама ја потресе Скопје: 84-годишна жена од главниот град била измамена за 261.000 денари (над 4.200 евра), откако измамник ѝ се јавил и ѝ се претставил како полициски службеник.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера попладне околу 18:45 часот, кога измамникот ѝ се јавил на жртвата и ѝ рекол дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која било прегазено дете.

Според неговата приказна, доколку не сака ќерка ѝ да заврши во затвор, мора итно да предаде голема сума пари. Исплашената жена, под притисок и шок, парите ги оставила на договорено место, верувајќи дека помага на своето семејство.

Подоцна сфатила дека станува збор за класична измама и случајот го пријавила во СВР Скопје.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но воедно и повторно апелира до граѓаните – особено до повозрасните – да не наседнуваат на телефонски повици од непознати лица кои се претставуваат како службеници и бараат пари во итни ситуации.

Станува збор за добро позната шема на измама која периодично се повторува, со цел да се извлечат пари од исплашени и доверливи граѓани.

Mia Home Mavrovo