ПРВ.мк
Свет

Тинејџер со нож уби дете – уште тројца ранети

Тинејџер со нож уби дете – уште тројца ранети
Escape

Крвопролевање во училиште во Бразил: Тинејџер со нож уби дете – уште тројца ранети

Шокантен напад се случи денеска во основно училиште во бразилскиот град Естакао, каде 16-годишен тинејџер вооружен со нож нападна ученици и наставници. Во трагедијата животот го загуби осумгодишно дете, кое им подлегна на повредите во болница.

Во нападот се повредени уште две осумгодишни девојчиња и еден наставник. Сите се хоспитализирани, а локалните власти засега не откриваат детали за нивната состојба.

Полицијата веднаш го уапси напаѓачот и го спроведе во притвор. Засега не е познат мотивот за нападот, но истрагата е во тек и треба да ги утврди сите околности кои довеле до овој брутален чин во образовна установа.

Нападот ја потресе цела Бразилска јавност и повторно ги отвори прашањата за безбедноста во училиштата и психичкото здравје кај младите.

Mia Home Mavrovo