Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ го прослави својот 21. роденден, а неговите најблиски се погрижија овој ден да му остане во посебно сеќавање.
За роденденот го пречекало емотивно изненадување – торти со свеќички, но и фотографија од Јаков од детството. Пејачот не го криеше воодушевувањето, а на објавените моменти од прославата може да се види насмеан додека замислува желба и ги дува свеќичките.
Дел од атмосферата беше споделен и на социјалните мрежи, каде неговите следбеници можеа да видат како изгледало роденденското изненадување.
Во последните месеци Јозиновиќ е во центарот на вниманието и поради шпекулациите за неговата наводна романтична врска со пејачката Џејла Рамовиќ.
Двајцата во повеќе наврати биле забележани заедно, меѓу другото и на приватна прослава во Белград, а Џејла била снимена и меѓу публиката на негов концерт во Винковци. Дополнително внимание предизвика и претходно објавена снимка на социјалните мрежи на која Јаков ја бакнува Џејла.
Сепак, и покрај бројните шпекулации и интересот на јавноста, ниту Јаков ниту Џејла досега јавно не потврдиле дека се во љубовна врска.









