ПРВ.мк
Магазин

Маж врежал фотографија од Цеца на свој надгробен споменик – јавноста во шок од селските гробишта

Маж врежал фотографија од Цеца на свој надгробен споменик – јавноста во шок од селските гробишта
Escape

Зоран Бркиќ од Варварин ги изненади сите со необичен гробен споменик украсен со фотографии од значајни моменти од својот живот, меѓу кои и врежана слика на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Иако е жив и планира да живее уште долго, Зоран веќе го подготвил својот „вечен дом“ во мало село блиску до Варварин, каде што го поставил споменикот. На него покрај лични фотографии и животни спомени, стои и посвета од Цеца:

„Цеца Величковиќ ми пееше ‘Ја сам цветак, чудан цветак’.“

Зоран објаснува дека фотографијата е направена во доцните 1980-ти години и дека му е лично посветена од Цеца. Не барал дозвола од јавните личности чии фотографии ги користел, но се консултирал со адвокат кој му рекол дека поставувањето не е прекршок, бидејќи е направено од љубов и почит. Споменикот е создаден како начин да ги зачува и овековечи спомените од својот живот.

Оваа необична сцена во селските гробишта брзо стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи различни реакции кај јавноста – од изненадување до восхит.

Mia Home Mavrovo