ПРВ.мк
Магазин

КАРЛЕУША ПОВТОРНО ЌЕ СТАНЕ МАЈКА? Пејачката откри дали е бремена со 25 години помладиот партнер!

КАРЛЕУША ПОВТОРНО ЌЕ СТАНЕ МАЈКА? Пејачката откри дали е бремена со 25 години помладиот партнер!

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието на јавноста откако отворено проговори за врската со 25 години помладиот Александар Шево, можноста повторно да стане мајка, но и за евентуална свадба.

По снимката од нивниот јавен бакнеж на промоцијата на албумот на Сека Алексиќ, Карлеуша призна дека посакува помирен период во животот, исполнет со љубов и семејна среќа.

„По 31 година хаос во мојот живот, би сакала конечно да дојде еден убав, мирен период, да уживам и во љубовта“, изјавила пејачката.

Дали Карлеуша е бремена?

На прашањето дали очекува дете со својот партнер, пејачката одговорила дека не е бремена, но не ја исклучува можноста повторно да стане мајка.

„Би сакала. Мислам дека не сум бремена. Но, кога би се случило тоа, со задоволство. Сметам дека жената и во позрели години може да биде прекрасна мајка“, рекла Карлеуша.

Таа открила и како нејзините ќерки Атина и Ника гледаат на можноста да добијат брат или сестра.

„Ника само рече: ‘Ако повторно родиш, само да не биде девојче’, бидејќи не сака уште една сестра. Атина, пак, најмногу ме поддржува да родам и вели дека тие две ќе го чуваат бебето“, раскажала пејачката.

Карлеуша истакнала дека нејзините ќерки одлично се согласуваат со Александар Шево и дека сите заедно патуваат и уживаат во семејните моменти.

Не ја исклучува ниту третата свадба

Пејачката проговорила и за можноста повторно да застане пред матичар.

„Трета среќа, велат. Ако некогаш повторно се омажам, тоа веројатно би било нешто интимно, покрај море, со десетина или дваесетина луѓе“, открила таа.

Иако засега нема потврдена бременост ниту најавена свадба, Карлеуша не крие дека е задоволна од новата врска и дека посакува повеќе мир и љубов во приватниот живот.

Најнови вести