ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ПРЕД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЗЛАТНАТА ТОПКА: Деца едвај дишеле, ги извлекувале од толпата!

ДРАМА ПРЕД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЗЛАТНАТА ТОПКА: Деца едвај дишеле, ги извлекувале од толпата!

Свеченото доделување на Златната топка во Лондон беше засенето од загрижувачки сцени пред салата во која се одржуваше церемонијата.

Додека најголемите фудбалски ѕвезди пристигнувале на црвениот тепих, во непосредна близина се создала огромна гужва, која во еден момент се заканувала да прерасне во масовна паника.

За случувањата известувал новинар на германскиот спортски медиум „Кикер“, кој сведочел за опасно туркање меѓу присутните и сериозни проблеми со организацијата и обезбедувањето.

„Децата едвај можеа да дишат“

„Сцените беа навистина загрижувачки, а ситуацијата беше на работ на масовна паника. Децата ги извлекуваа од гужвата бидејќи едвај можеа да дишат“, раскажал германскиот новинар.

Тој разговарал и со мајка од Германија која на настанот пристигнала со своите синови.

Според нејзиното сведочење, луѓето почнале да ги туркаат наназад, по што семејството не можело да се пробие низ насобраната толпа.

Обезбедувањето имало проблеми да ја контролира толпата

Ситуацијата дополнително ја отежнувал тесниот простор во центарот на Лондон, каде што биле поставени огради и безбедносни бариери.

Голем број млади луѓе се обидувале да најдат место од кое ќе можат да ги видат познатите фудбалери.

„Се чини дека и обезбедувањето го изгуби трпението, а полицијата повеќе не знаеше како да реагира“, опишал новинарот.

Според неговата проценка, голем дел од присутните биле тинејџери на возраст од 13 до 17 години.

Додека некои се забавувале и славеле, други се соочувале со сериозни тешкотии поради силното туркање.

Гужвата подоцна почнала да се смирува, но драматичните сцени и проблемите со безбедноста оставиле силен впечаток непосредно пред една од најпрестижните церемонии во светот на фудбалот.

Најнови вести