Истражување спроведено од професорот Робин Данбар и неговиот тим од Универзитетот во Оксфорд открива нешто што многумина го чувствувале, но сега е и научно потврдено – дружењето со пријателите е лек за тагата и стресот.
Мажите кои редовно се среќаваат со своите блиски пријатели имаат подобро расположение, посилна имунолошка отпорност и значително помал ризик од депресија. Социјалните контакти во живо го поттикнуваат лачењето на ендорфини, хормони кои го подобруваат расположението и создаваат чувство на среќа и припадност.
Според Данбар, овие дружби не се само забава – тие се биолошка потреба. Разговорите, смеењето и заедничките активности имаат директно влијание врз мозокот и телото, а редовното дружење може да ја намали тагата дури за 45%.
Затоа, следниот пат кога ќе излезете со друштвото на пијалок, запомнете – не трошите време, туку инвестирате во сопственото здравје и среќа. Науката вели: едно пријателско излегување понекогаш вреди повеќе од кој било лек.
















