ПРВ.мк
Магазин

Белгиски научници алармираат – здравјето на детето започнува уште пред неговото зачнување!

Белгиски научници алармираат – здравјето на детето започнува уште пред неговото зачнување!
Kristal

Белгиски експерти од Универзитетот Хаселт тврдат дека животните навики на идните родители, дури и година пред зачнувањето, можат длабоко да влијаат на здравјето на нивното идно дете.

Во научен труд објавен во престижното медицинско списание „Лансет“, лекарите Чахинда Госејн, Севда Еџе Кизилкилиќ и Пол Дендејл објаснуваат дека начинот на живот пред бременоста го „програмира“ здравјето на плодот.

„Обично се мисли дека само навиките на мајката за време на бременоста се важни, но вистината е дека клучната фаза започнува многу порано,“ вели докторката Госејн, специјалист за срцеви заболувања кај жени.

Научниците откриле дека исхраната, физичката активност, пушењето, алкохолот и стресот кај двата родителя можат да го изменат начинот на кој функционира ДНК-то на плодот – вклучувајќи или исклучувајќи гени што влијаат врз здравјето.

„Паровите често не се свесни дека нивните сегашни навики можат да го обликуваат животот на нивното неродено дете,“ предупредува Госејн.

Истражувањето покажува дека децата на мајки кои пушеле, имале прекумерна тежина или висок притисок пред бременоста често имаат повисок крвен притисок, потешка телесна тежина и послаби когнитивни способности уште во раното детство.

Освен тоа, нездравите навики го зголемуваат ризикот од прееклампсија, гестациски дијабетес и предвремено породување, што носи дополнителни здравствени компликации и за мајката и за бебето.

„Промената на животниот стил не е лесна, но е неопходна ако сакате здраво потомство,“ нагласува Госејн, додавајќи дека идните родители треба да побараат помош од стручни лица и да започнат со позитивни промени најмалку една година пред планираното зачнување.

Ова истражување ја потврдува старата изрека на нов начин: здравото дете започнува со здрави родители – уште пред да се роди.

Escape