По неизвесната изборна трка во вториот круг, кандидатот Менди Ќура вечерва прогласи победа за градоначалник на Струга. Во центарот на градот веќе владее атмосфера на славје – поддржувачите со автомобили, знамиња и музика ја одбележуваат изборната ноќ.
Според првичните броења од дел од избирачките места, Ќура имаше мала предност пред својот противкандидат Арсим Далипи, тренд кој го охрабри неговиот штаб да излезе со победничка изјава.
Сепак, конечниот резултат ќе биде потврден по целосната обработка на изборните материјали од Општинската изборна комисија и Државната изборна комисија (ДИК).
Од полицијата апелираат славјето да помине мирно и без инциденти, со почитување на јавниот ред и без блокирање на сообраќајот.
















