Според информации од ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески ја освои градоначалничката функција, победувајќи го актуелниот градоначалник Томе Христоски во вториот круг со разлика од околу триесетина гласа.
Во првиот круг Чонески имаше негатива од околу 400 гласа, но масовната излезност на жителите на Крушево и околните населени места доведе до пресврт.
Во градот беше забележана исклучително висока излезност од 70%, а Христоски после два мандати ја предава функцијата на Чонески, кој ветува нови проекти и целосна промена за Крушево.
















