ПРВ.мк
Македонија

ЗАЛУДНИ БЕА АВИОНИТЕ НА ДУИ: По 12 години повторно македонец е градоначалник на Кичево

ЗАЛУДНИ БЕА АВИОНИТЕ НА ДУИ: По 12 години повторно македонец е градоначалник на Кичево
Kristal

Кичево по повеќе од една деценија доби нов градоначалник Македонец – Александар Јовановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според првичните резултати, тој извојува победа над досегашниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ, кој зад себе има два мандата исполнети со бројни контроверзии и критики.

Изворите од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека победата е јасна и недвосмислена, и покрај тоа што ДУИ спроведе масовна мобилизација на гласачи, вклучително и организиран превоз од странство.

Овој изборен резултат се смета за историски пресврт во Кичево, каде што повеќе од 12 години локалната власт беше под раководство на ДУИ. Новоизбраниот градоначалник Јовановски се очекува наскоро јавно да се обрати и да ги претстави приоритетите на својата администрација.

Escape