Оваа недела носи нови предизвици и можности во полето на кариерата, финансиите и здравјето за сите хороскопски знаци. Погледнете што ве очекува:
ОВЕН
Вашата самодоверба ве води кон важни деловни ангажмани со странски партнери. Ќе бидат импресионирани од вашите идеи и пристап кон работата. Во љубовта ве очекува стабилизација — можно е остварување на сериозна врска со Бик или Близнак. Внимавајте на ‘рбетниот столб.
БИК
Неделата е поволна за остварување деловни цели, но можно е враќање на поголем долг што ќе предизвика финансиска напнатост. Љубовниот живот е во подем, а оние што се во врска ќе се соочат со важна одлука. Време е за искрен разговор со партнерот.
БЛИЗНАЦИ
Потребно е повеќе да комуницирате со колегите за да дојдете до заеднички решенија. Емотивниот живот е во фокусот — ве очекуваат страст и пријатни изненадувања до крајот на неделата. Викендот носи романтични моменти.
РАК
Ќе добиете интересна понуда за нова работа, особено во сферата на маркетинг или комуникации. Финансиската ситуација се подобрува, но некои колеги ќе ви создадат непотребен стрес. Љубовта е стабилна — особено со Водолија или Јарец.
ЛАВ
Неделата ќе биде емоционално нестабилна. Еден ден сте полни со елан, другиот разочарани. Внимателно со комуникацијата на работа. Во љубовта, долготрајната врска може да влезе во криза. Слободните Лавови имаат шанса за нова љубовна авантура на викенд патување.
ДЕВИЦА
Иако ќе бидете нервозни поради некои постапки на другите, ќе останете професионални. Во љубовта, стабилноста доаѓа преку искреност и разбирање. За слободните Девици, Овен, Бик или Стрелец се добри потенцијални партнери. Внимавајте на варењето.
ВАГА
Работата ве тера да размислувате подлабоко — посебно во односот со Јарецот. Соработката со Девица може да биде плодна. Љубовта бара повеќе внимание — оние што се во врска да се отворат повеќе, а слободните ќе имаат интересна авантура со Овен или Бик.
ШКОРПИЈА
Финансискиот прилив на почетокот од неделата ви носи елан и фокус. Љубовта може да страда поради инает и непромислени одлуки — бидете внимателни, можно е дури и раздвојување. Одлична поврзаност со Вага. Внимавајте на крвниот притисок.
СТРЕЛЕЦ
Имате желба за работа, но се двоумите околу нов почеток. Примамлива понуда во недвижности или градежништво може да ви го привлече вниманието. Љубовниот живот е нестабилен — потребно е повеќе вложување. Не ја игнорирајте Шкорпијата.
ЈАРЕЦ
Во фокус ви се странските инвестиции и подобрување на тековен проект. Кон крајот на неделата очекувајте позитивни резултати и сигурен прилив на средства. Љубовта може да залади, но со трпение и искреност ќе се врати рамнотежата. Интуицијата ви е најсилен водич.
ВОДОЛИЈА
Иако ве очекува напорна недела, вашата амбиција ќе донесе резултати. Парите пристигнуваат навреме, а љубовта е стабилна. Особено добар период за зајакнување на врската со Девица или Риби. Грижете се за варењето.
РИБИ
Потребна ви е промена за да продолжите со работа на здрав начин. Среда е поволен ден за финансии. Соработката со Овен или Стрелец ве инспирира. Врската или бракот добива нова свежина преку патување. Долниот дел од телото е чувствителен — не го занемарувајте.