ПРВ.мк
Магазин

Македонија влезе во светот на видеоигрите: Game Dev Rev 2025 ја крена гејм сцената на ново ниво!

Македонија влезе во светот на видеоигрите: Game Dev Rev 2025 ја крена гејм сцената на ново ниво!

На 16 октомври, во Македонскиот народен театар, се одржа првата интернационална конференција за развој на видео игри во Македонија – Game Dev Rev 2025, организирана од МГИ со поддршка од Министерството за култура и туризам и Western Balkans Fund. Настанот собра над 350 учесници – студенти, професионалци, независни студија и компании од регионот.

Министерот за култура, Зоран Љутков, ја пофали иницијативата, нагласувајќи дека креативноста може да прерасне во големи проекти, додека Директорот на Европската федерација на гејм девелопери, Јари-Пекка Калева, најави дека МГИ сега е дел од EGDF, отворајќи пат кон регионална и европска соработка.

Настанот вклучуваше предавања, панел дискусии, Fireside chat, Indie Expo зона, како и говори на ветерани со над 30 години искуство: Илари Куитинен, Кејт Едвардс и Кеи Хироки, кои добија признанието „Eternal Legacy Award“. Посебно внимание привлече панелот “Game Divas: Empowering Women in the Gaming Industry”, финансиран од Western Balkans Fund.

Програмата ги вклучи и VIP networking активностите, културна тура низ Скопје и прошетка по Кањон Матка и пештерата Врело, отворајќи нови можности за образование, соработка и развој на македонската гејм индустрија.

Организаторите најавија дека Game Dev Rev 2026 ќе се одржи на 15 октомври со амбиција да прерасне во традиционален регионален форум за видео игри и креативни технологии.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape