Пејачката Тијана Ем повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, овојпат со фотографии на кои позира во костим за капење и ја покажува својата фигура.

Нејзиното летно издание за кратко време предизвика бројни реакции, а следбениците во коментарите ѝ упатија комплименти за изгледот. Многумина забележаа дека пејачката делува самоуверено, расположено и задоволно.

Тијана во последниот период сè почесто споделува фотографии на кои може да се забележат промените во нејзиниот изглед, а судејќи според нејзините објави, таа ужива во резултатите и вниманието што го добива од публиката.

Освен нејзината фигура, внимание привлече и широката насмевка со која позираше пред камерата.

И покрај бројните професионални обврски и настапи во текот на летната сезона, пејачката очигледно успева да пронајде време и за одмор. Секој слободен момент го користи за релаксација и собирање енергија пред следните обврски.







