ПРВ.мк
Македонија

Аларм во Скопје: Потврдени уште три случаи на западнонилска треска, бројката се искачи на 34

Аларм во Скопје: Потврдени уште три случаи на западнонилска треска, бројката се искачи на 34

Во Скопје се потврдени уште три случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број регистрирани случаи се искачи на 34, информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје.

За првпат оваа сезона вирусот е потврден и кај жител на Арачиново. Според досегашните податоци, најголем број случаи се регистрирани во Кисела Вода и Аеродром, додека речиси половина од заболените се од Драчево.

Епидемиологот Љуљзиме Бајрами од ЦЈЗ – Скопје посочува дека во Арачиново има канали, базени и застојани води, што создава поволни услови за размножување на комарците.

Од Центарот сметаат дека следната година дезинсекцијата треба да започне порано. Дополнително, се предлага да се испита дали комарците развиле отпорност кон средствата што се користат за нивно уништување.

Доколку анализите покажат резистентност, ќе треба да се разгледа употреба на други средства за поефикасна контрола на популацијата на комарци.