ПРВ.мк
Магазин

Доктор открива што треба да јадете за полесно да ги издржите горештините

Доктор открива што треба да јадете за полесно да ги издржите горештините

За време на екстремно високите температури, покрај доволниот внес на течности, важна улога има и правилната исхрана. Според експертите, изборот на намирници може да помогне организмот полесно да се справи со топлината и да остане подобро хидриран.

Епидемиологот Тим Спектор советува во текот на летните горештини почесто да се консумираат намирници богати со вода, како лубеница, краставици, домати, агруми, зелена салата и бобесто овошје. Освен што придонесуваат за подобра хидратација, тие обезбедуваат и влакна, витамини и минерали корисни за дигестивниот систем.

Експертите препорачуваат и јогурт и кефир, бидејќи природните пробиотици можат да придонесат за одржување на здравата цревна микрофлора, особено во период кога организмот е изложен на дополнителен стрес поради високите температури.

Наместо тешки, масни и обилни оброци, се советува исхраната да се базира на повеќе зеленчук, мешунки, интегрални житарки и маслиново масло. Ваквиот начин на исхрана може да го намали чувството на тежина и да му помогне на телото полесно да функционира во текот на жешките денови.

Лекарите потсетуваат дека, покрај здравата исхрана, редовната хидратација, избегнувањето директно сонце во најтоплиот дел од денот и престојот во разладени простории се меѓу најважните мерки за заштита од топлотен стрес.