Хемискиот гигант BASF ја претстави својата најнова анализа за трендовите во автомобилските бои за периодот 2025–2026, откривајќи три нијанси кои ќе го обликуваат изгледот на автомобилите во наредните години. По долги децении на студени металик тонови како сива, сребрена и ледено сина, компанијата најавува премин кон потопли, похумани бои кои пренесуваат топлина и емоција, симболизирајќи културна промена и поврзаност со човечноста.
Tesseract Blue Оваа длабока, повеќедимензионална сина боја менува нијанси во зависност од светлината – од зелена до виолетова. Инспирирана од геометриската уметност и напредни материјали, Tesseract Blue го симболизира погледот кон бесконечното и го проширува разбирањето за класичната „сина“.
Phygital Magnetar Топол металик тон со флуиден ефект кој создава впечаток на растопен метал во постојано движење. Овој хибриден дизајн, развиен во азиско-пацифичкиот регион, ги спојува физичката и дигиталната естетика во еден впечатлив визуелен израз.
Auxetic Neutral Современа интерпретација на неутралноста – богат кафенкаст тон инспириран од модата и индустрискиот дизајн. Наместо да биде анонимен, овој тон нуди иденитет и суптилна моќ на тишината, докажувајќи дека минимализмот може да има силен и длабок визуелен впечаток.
BASF нагласува дека новите формулации не се насочени само кон естетика. Дел од боите содржат обновливи и рециклирани суровини, а најновите пигмент-технологии овозможуваат иновативен начин на рефлектирање на светлината.
„Боите на автомобилите веќе не се само прашање на перформанси или бренд-идентитет – тие се начин за изразување вредности и расположение,“ изјави Јерг Цумклеј, директор на дизајн во BASF Coatings за Европа.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк














