ПРВ.мк
Магазин

ДОКТОРКА ИСПРАТИ ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ: Една навика на плажа може да биде кобна за децата!

ДОКТОРКА ИСПРАТИ ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ: Една навика на плажа може да биде кобна за децата!

Летниот одмор на плажа е омилено време за многу семејства, но лекарите предупредуваат дека токму во моментите кога родителите мислат дека сè е под контрола може да се случи најголемата опасност.

Докторката по итна медицина, д-р Саманта Ридер, која е и мајка на две мали деца, упати важно предупредување до сите родители за ризикот што најчесто останува незабележан додека престојуваат покрај море.

Таа редовно споделува едукативни совети на социјалните мрежи, а во едно од своите најнови видеа прикажа две деца кои си играат во песокот. Потоа им постави прашање на своите следбеници:

„Јас сум докторка во итна медицинска помош. Можете ли да погодите што е најопасното нешто во ова видео?“

Мнозинството претпоставило дека станува збор за морските бранови или плимата, но одговорот бил сосема поинаков.

„Најопасното нешто е мобилниот телефон со кој снимам. Давењето е тивко – без прскање, без викање и без драматични сцени како во филмовите. За тоа можат да бидат доволни околу 20 секунди – исто колку што е потребно за да снимите кратко видео“, предупредува докторката.

Таа нагласува дека децата покрај вода мора постојано да бидат под директен надзор на возрасно лице, без никакво одвлекување на вниманието.

Како едноставно решение, д-р Ридер советува семејствата секогаш да определат едно лице кое ќе биде задолжено исклучиво за следење на децата додека се во вода или во нејзина близина.

Според нејзината препорака, лицето кое ги надгледува децата не треба да користи мобилен телефон, да чита, ниту да се занимава со други активности. Доколку има повеќе возрасни, тие можат да се менуваат на секои 15 минути или во друг временски интервал што им одговара.

Нејзината објава предизвика голем интерес на социјалните мрежи, собирајќи илјадници реакции и коментари. Дел од корисниците сметале дека најголемата опасност се брановите, недостатокот на појаси за пливање, силното сонце или несоодветната облека на децата.

Сепак, многумина веднаш ја разбрале пораката.

„Мајката што снима веројатно повеќе внимание му посветува на телефонот отколку на своите деца“, напишал еден од корисниците.

Експертите постојано потсетуваат дека давењето најчесто се случува тивко и за многу кратко време, поради што постојаниот надзор е една од најважните мерки за безбедност на децата на плажа.