Во срцето на Амазонската прашума живее човек кој веќе 38 години е речиси целосно изолиран од остатокот од светот. Чико останал сам откако починале неговите родители, а сопругата го напуштила.
За да преживее, околу својот скромен дом засадил околу 1.500 овошни дрвја, меѓу кои бразилски орев, манго и банани. Кога му е потребно месо, оди во лов. Се обидел да одгледува кокошки и свињи, но дивите предатори во прашумата му ги изеле животните.
Животот во Амазонија носи бројни опасности. Јагуари, кајмани, отровни жаби, електрични јагули и опасни змии се само дел од животинскиот свет со кој Чико се среќава.
Во текот на речиси четири децении имал повеќе опасни средби, но еден од најнеобичните моменти се случил кога бразилски орев паднал директно врз неговата глава. Неисчистениот плод може да тежи два до три килограми, па ударот од височина може да има сериозни последици.

Чико живее во мала куќа покрај притока на Амазон, далеку од населени места. Сепак, неговата приказна е позната во околината, а повремено го посетуваат и гости.
Неодамна до него стигнала и екипата на „Yes Theory“, која поминала време со Чико, ја истражувала прашумата и разговарала со него за животот во речиси целосна изолација.










