Малдиви станаа првата земја во светот што спроведува генерациска забрана за пушење, соопшти Министерството за здравство. Според новиот закон, кој стапи во сила на 1 ноември 2025 година, на сите лица родени на или по 1 јануари 2007 година им се забранува купување, користење и продажба на тутунски производи.
Како што објаснуваат властите, целта на оваа мерка, иницирана од претседателот Мохамед Муизу, е да се заштити јавното здравје и да се создаде генерација без тутун.
Забраната важи за сите видови тутун, а продавачите мора да ја проверуваат возраста на купувачите. Правилата се однесуваат и на туристите, кои исто така не смеат да купуваат или користат тутунски производи.
Дополнително, на Малдивите веќе важи целосна забрана за електронски цигари и вejпинг, без разлика на возраста.
Казните за прекршување на законот се строги – 50.000 руфии (околу 3.200 долари) за продажба на тутун на малолетно лице и 5.000 руфии (околу 320 долари) за користење на електронски уреди за пушење.
Слични забрани се разгледуваат и во други земји, како Велика Британија, додека Нов Зеланд, кој прв воведе ваков закон, го укина во 2023 година.
















