Македонскиот пејач Мики Секуловски, кој беше менторираn од Цеца Ражнатовиќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, се огласи по повод инцидентот со бугарското знаме што се случи на нејзиниот концерт во Македонија.
Мики, кој се наоѓал со Цеца на сцената во моментот на настанот, преку видео на социјалните мрежи ја објасни својата страна на приказната. Тој рече дека во прв момент воопшто не забележал дека пејачката држи знаме, мислејќи дека станува збор за натпис со нејзино име или фотографија. Дури кога публиката почнала да негодува и да свири, тој сфатил дека станува збор за бугарско знаме, по што веднаш реагирал и го тргнал од сцената.
Секуловски изјави дека можеби требало порано да реагира, но дека едноставно не бил свесен што се случува. Објасни дека во тој момент се обидел да ја смири публиката, бидејќи ситуацијата почнала да излегува од контрола.
Пејачот додаде дека подоцна разговарал со Цеца, која му рекла дека не била запознаена со чувствителните односи меѓу Македонија и Бугарија и дека не знаела дека тоа би можело да предизвика негативни реакции.
„Навистина ми е жал. Се случи нешто што никој не го очекуваше, во мојот град, во мојата земја. Се надевам дека ова ќе остане само непријатен момент и дека ќе ги паметиме убавите моменти од концертот“, изјави Мики.
👉 На крајот, тој потенцира дека штетата е направена ненамерно и дека целата ситуација го погодила, бидејќи концертот до тој момент бил прекрасен.
















