Најсигурниот начин за слабеење и подобар изглед на телото е комбинацијата од редовна физичка активност и балансирана исхрана. Кога ќе воспоставите рутина што ги спојува овие две навики, можете да додадете и неколку едноставни, но ефективни трикови кои ќе го забрзаат процесот.
1️⃣ Јадете само на маса Избегнувајте оброци пред телевизор, компјутер или телефон. Истражувањата покажуваат дека „расеаното“ јадење води до поголем внес на калории. Кога сте фокусирани само на храната, полесно ја контролирате количината и подолго останувате сити.
2️⃣ Користете помала чинија Промената може да изгледа незначителна, но ефектот е голем. Помалите чинии го „лажат“ мозокот дека сте јаделе доволно, со што автоматски внесувате до 30% помалку калории.
3️⃣ Спијте доволно Недостигот на сон го зголемува апетитот и желбата за слатко и тесто. Кога сте одморени, телото подобро го контролира гладот и полесно согорува масти.
4️⃣ Спијте во темна просторија Светлината во собата го попречува создавањето на мелатонин – хормонот кој го регулира сонот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат во темни простории имаат помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина. Решението е едноставно – користете затемнувачки завеси или маска за очи.
















