ПРВ.мк
Македонија

Сè звучело убедливо, до моментот кога парите исчезнале - Ова се деталите

Сè звучело убедливо, до моментот кога парите исчезнале - Ова се деталите
Kristal

Жител на тетовско село, на возраст од 66 години, пријавил во полиција дека бил измамен за 250 евра од лице кое му ветило дека ќе му „среди“ добивање социјална помош – „туѓа нега“.

Според пријавата, измамникот тврдел дека неговата сопруга е член на комисија во Центарот за социјални работи во Тетово и дека може да ја „заврши работата“. Откако оштетениот му ги предал парите, измамникот престанал да се јавува и не ја исполнил ветената услуга.

Случајот, кој се случил во јуни годинава, бил пријавен вчера во СВР Тетово. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на измамата.

Escape