ПРВ.мк
Магазин

Родените во мај – најсреќни и најздрави луѓе според науката!

Родените во мај – најсреќни и најздрави луѓе според науката!

Ако сте родени во мај, науката вели дека сте меѓу најсреќните и најздравите луѓе! Според студијата на британскиот психолог Ричард Вајсман, мајските бебиња имаат поголем оптимизам и попозитивен поглед на светот од останатите. Причината? Дневната светлина која го стимулира допаминот – хормонот на среќата што го контролира центарот за задоволство.

Мајските деца растат поиздржливи и отпорни на болести, особено во споредба со оние родени во есен или зима. Благодарение на умерените пролетни температури и сончевата светлина, тие имаат помал ризик од респираторни заболувања, алергии, астма и егзема. Изложеноста на алергени уште од рана возраст им помага да изградат посилен имунитет.

Истражувањето заклучува дека луѓето родени во мај имаат силна волја и интуиција, што им носи успех во деловниот живот. Од астролошка гледна точка, тие се познати по тврдоглавост и упорност – карактеристики што ги прават победници во кариерата и личните цели.

Но не е само тоа – мајските луѓе се љубопитни, авантуристички настроени и секогаш во потрага по нови искуства. Во зрелата возраст, пак, се посветени на семејството и важат за одлични родители.

Со комбинација од наука и астрологија, мајските родендени носат еден заклучок: тие се луѓе со светла енергија, силен дух и природна отпорност – вистински среќници уште од првиот ден на нивниот живот.