ПРВ.мк
Магазин

Сега и официјално е крај на нивниот брак, а тој за 40-тиот роденден ѝ подарил торта со порака: „Те оставам“

Сега и официјално е крај на нивниот брак, а тој за 40-тиот роденден ѝ подарил торта со порака: „Те оставам“

Американската комичарка и актерка Ејми Шумер и познатиот готвач Крис Фишер официјално го завршија својот седумгодишен брак, откако постигнале договор за развод пред суд во Њујорк.

Според „Page Six“, судскиот предмет е затворен, но точниот датум на финализирање на разводот не е познат, бидејќи документите од бракоразводните постапки во Њујорк се доверливи.

Шумер (45) поднела барање за развод во јануари годинава, откако во декември 2025 година јавно потврдила дека таа и Фишер (46) се разделиле.

Двојката се венчала во 2018 година, а една година подоцна го добиле синот Џин.

Торта со порака што денес привлекува особено внимание

Еден необичен момент од нивниот брак повторно го привлече вниманието на јавноста.

Во 2021 година, за 40-тиот роденден на Ејми, Фишер ѝ подарил торта на која пишувало:

„Те оставам. Ова беше единствениот начин на кој можев да се сетам како да го направам тоа.“

Пораката тогаш била сфатена како шега, но по нивниот развод повторно стана тема во медиумите.

„Засекогаш ќе бидеме семејство“

Кога ја потврди разделбата, актерката нагласи дека одлуката била тешка, но дека двајцата остануваат посветени на воспитувањето на синот.

„Многу се сакаме и ќе продолжиме да се фокусираме на воспитувањето на нашиот син“, напиша таа.

Шумер ги отфрли и шпекулациите дека разводот е поврзан со нејзиното слабеење.

И покрај крајот на бракот, поранешните сопружници истакнаа дека сакаат да задржат меѓусебно почитување и добри семејни односи, ставајќи го интересот на нивното дете на прво место.