Сериозен инцидент го потресе младинскиот спорт во Казахстан, откако тренер физички нападна малолетна одбојкарка за време на официјално натпреварување.
Станува збор за Хамит Мирзабеков, тренер од одбојкарската академија Шимкен, кој бил снимен како удира девојче по главата покрај теренот.
Инцидентот се случил за време на првенството на Казахстан за приватни клубови, во конкуренција на одбојкарки родени во 2009 година и помлади.
На видеоснимката, која брзо се проширила на социјалните мрежи, се гледа како тренерот ја повикува одбојкарката со број девет да се приближи до страничната линија.
Кога девојчето му приоѓа, тој ја удира по главата.
Федерацијата реагираше, полицијата отвори истрага
По објавувањето на снимката, националната одбојкарска федерација реагирала со дисциплинска мерка.
На тренерот му е изречена двегодишна забрана за работа, а случајот добил и полициска разврска.
Надлежните полициски органи отвориле истрага со цел да ги утврдат сите околности под кои се случил нападот врз малолетната спортистка.
Случајот повторно го отвори прашањето за одговорноста на тренерите и заштитата на малолетните спортисти од физичко насилство за време на спортските натпреварувања.
Видео:








