ПРВ.мк
Црна Хроника

Втор случај за една недела: Пронајдена мртва жена со траги на насилство

Втор случај за една недела: Пронајдена мртва жена со траги на насилство

Нов вознемирувачки случај е регистриран во скопската општина Ѓорче Петров, каде што утрово била пронајдена почината 76-годишна жена со видливи траги на насилство по телото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 9:18 часот од ќерката на починатата.

Жената, со иницијали О.А., била пронајдена без знаци на живот во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта.

По извршениот увид, телото било предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на точната причина за смртта.

За настанот бил известен и јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Втор случај со траги на насилство за пет дена

Ова е втор случај во истата скопска општина за помалку од една недела во кој починато лице е пронајдено со траги на насилство.

На 22 октомври, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат 62-годишен маж, со иницијали С.Ј.

И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.

Засега нема официјални информации дали двата случаи се поврзани.

Надлежните институции ги утврдуваат околностите на последниот случај, а информации за можен сторител или мотив сè уште не се соопштени.