Американските власти трагаат по 28-годишниот Џејкоб Морли, осуден убиец кој побегнал од затвор во сојузната држава Тенеси, каде што издржувал доживотна затворска казна.
Според информациите на надлежните служби, затворскиот персонал го забележал неговото исчезнување на 25 октомври, околу 23:30 часот.
Снимките од безбедносните камери покажале дека Морли успеал да помине низ затворската ограда и да го напушти комплексот облечен во затворска униформа.
Украл камионет и исчезнал
По бегството, Морли наводно украл бел камионет „форд Ф-350“, произведен во 2008 година.
Камерите го снимиле околу еден часот по полноќ на 26 октомври, а подоцна бил забележан и во близина на противпожарната станица во Хорнбик.
Властите соопштиле дека неговата местоположба останува непозната.
Телото на неговата жртва било пронајдено под куќа
Морли бил осуден за убиството на Коди Берчфилд, чие исчезнување било пријавено во февруари 2022 година.
Неколку недели подоцна, телото на жртвата било пронајдено во кутија под куќата на Морли.
Покрај убиство од прв степен, тој бил осуден и за други кривични дела, меѓу кои тешка провала, фалсификување докази и избегнување апсење.
Награда од 2.500 долари
Истражното биро на Тенеси го ставило Морли на листата на најбарани криминалци.
За информации што ќе доведат до негово апсење е понудена награда до 2.500 американски долари.
Според објавените информации, ова е второ бегство од затвор во Тенеси во период од една недела.
Видео:









