ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа – три лица пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа – три лица пренесени во болница

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта во Скопје, на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 19:10 часот, кога дошло до судир меѓу два патнички автомобили.

Во несреќата учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С.С., и автомобил „ауди“ со косовски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот А.М. од Косово.

Тројца повредени, пренесени во две болници

Во судирот телесни повреди добиле возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С.М.

Двајцата со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Повреден бил и возачот на „аудито“, кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите исто така констатирале телесни повреди.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршила екипа на СВР Скопје.