Деветнаесетгодишен скопјанец, кој имал привремен престој во Струга, се соочува со кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Како што информираат од полицијата, кривичната пријава ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга.
Според полициските информации, на 8 септември 2026 година, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот во Струга.
При претресот, полициските службеници го пронашле 19-годишникот заедно со 16-годишна малолетничка од Скопје.
По преземените мерки, девојката била предадена на претставници на Центарот за социјални работи во Струга, кои треба да постапуваат понатаму во рамките на своите надлежности.
Против младото момче е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за стореното дело.
Надлежните институции ќе ја продолжат постапката за утврдување на сите околности поврзани со случајот.








