ПРВ.мк
Магазин

„ДИКАПРИО Е ДЕБЕЛ, ПОДУЕН, НЕУРЕДЕН И ОДВРАТЕН“: Познатата водителка жестоко го нападна холивудскиот актер!

„ДИКАПРИО Е ДЕБЕЛ, ПОДУЕН, НЕУРЕДЕН И ОДВРАТЕН“: Познатата водителка жестоко го нападна холивудскиот актер!

Американската телевизиска водителка Мегин Кели предизвика бурни реакции со остри и навредливи коментари за физичкиот изглед на холивудската ѕвезда Леонардо ДиКаприо.

Повод за нејзиниот напад била прославата на 52. роденден на актерот, на која, според медиумските извештаи, пристигнал автобус со млади девојки.

Во својата емисија „The Megyn Kelly Show“, Кели заедно со докторот Дру Пински ја коментирала роденденската забава на ДиКаприо, на која присуствувала и неговата 28-годишна девојка, манекенката Виторија Черети.

Водителката тврдела дека актерот ги избира младите жени исклучиво според нивниот физички изглед, нарекувајќи ги „украси“ на неговите забави.

Потоа покажала фотографија од ДиКаприо без маица и започнала со жестоки навреди.

„Тој е дебел, подуен, неуреден и одвратен лигавец! Така изгледа Леонардо ДиКаприо денес“, изјавила Кели.

Таа продолжила да го исмева неговиот стомак, облеката и подбрадокот, прашувајќи како актерот очекува младите жени да изгледаат совршено, додека самиот не води сметка за својот изглед.

Кели отишла и чекор понатаму, изнесувајќи сомнежи за можна употреба на дрога, но истовремено признала дека нема никакви докази за таквите тврдења.

„Мене ми изгледа како да користи дрога. Немам докази за тоа, но така ми изгледа“, рекла водителката.

На крајот го обвинила актерот за двојни стандарди, истакнувајќи дека тој може да се појавува во јавноста без да се грижи за физичкиот изглед, додека од девојките што ги поканува на своите забави, според неа, се очекува да имаат совршена фигура.

Нејзините коментари повторно ја отворија темата за двојните стандарди во Холивуд, но и за навредувањето на јавни личности врз основа на нивниот физички изглед.

Тврдењата на Кели за евентуална употреба на дрога се непотврдени и не се поткрепени со докази.