ПРВ.мк
Магазин

Јапонија ја менува филозофијата на раното образование: Kарактер пред оценки и тестови - ова се методите на учење во Јапонија

Јапонија ја менува филозофијата на раното образование: Kарактер пред оценки и тестови - ова се методите на учење во Јапонија
Kristal

Образованието во Јапонија полека, но сигурно се претвора во модел кој многу земји внимателно го следат. Наместо фокус на резултати, оценување и рани приемни тестови за мали деца, сè погласно се истакнува потребата прво да се изгради карактер, а дури потоа да се развива академската интелигенција.

Според анализи и едукативни извештаи, во пониските одделенија не постојат формални национални приемни испити, а во јапонските образовни кругови сè почесто се дискутира дека прераното тестирање носи повеќе штета отколку корист. Наместо да се тркаат со бројки, деца учат за дисциплина, манири, емпатија, групна комуникација и почит — вредности кои се сметаат за темел на идната зрелост, лидерство и емоционална стабилност.

Секако, конкурентноста и „испитниот притисок“ остануваат присутни особено во приватните училишта и подготовките за понатамошно образование, но трендот постепено се менува. Јапонските педагози тврдат дека детето прво мора да знае како да биде човек, а потоа како да биде ученик.

Овој пристап отвора сериозно прашање и за нашето образование:

Дали е поважно детето да научи математика на пет години или да знае да слуша, соработува, почитува и контролира емоции?

Escape