Вчера во 14:00 часот, 25-годишна жена од скопско село пријавила во СВР Скопје дека била измамена за околу 5.000 евра од страна на Н.К.(29).
Според пријавеното, во периодот од декември 2023 до декември 2024 година, таа во неколку наврати му ги исплатила парите за да ѝ извади македонски лични документи и македонско државјанство за неа и нејзините сестри.
Полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.
















